Муслиу: Заев ја разбра пораката од граѓаните, сега треба да ја примени

од Берта Китинска
1,6K прегледи

Мислам дека сите партии нема да си ги нарушат меѓусебните односи поради овие локални избори. Ќе останат блиску до своите коалициони партнери. Локалните избори се локални ама поддршката ќе се прошири на национално ниво. Мислам дека партиите од власта ќе ја поддржат Арифи, но последниот глас го имаат гласачите, коментира аналитичарот Алберт Муслиу за Утрински брифинг.

Тој додава дека локалните избори се секогаш порака и смерница и дека овој пат централната власт ќе треба добро да ги анализира гласовите.

-Ако централната власт добро ги анализира изборите ќе извлече поуки. Ако не го стори тоа ќе има проблем во следниот изборен циклус. Има влијание и ефикасноста на локалната власт. За мене е најбитно што изборите беа коректни и нема да има големи негирања на резултатите. Испратена е порака и мислам дека Заев на прес-конференцијата ноќеска укажа дека пораката е примена па сега треба и да се примени. Така ќе ги намали негативните ефекти, а ако не го стори тоа секако ќе има последици, вели Муслиу.

Слични содржини