Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека Косово е посветено да го исполни последниот критериум за визна либерализација, а тоа е демаркацијата на границата со Црна Гора.
Мустафа по денешната средба со шефот на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Наталија Апостолова изјави дека Косово е посветено и во однос на дијалогот со Србија,пренесува електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.
Според премиерот Мустафа, косовската влада побарала од ЕУ да изврши притисок врз Србија, бидејќи, според него, таа е страната која го забавува процесот на дијалог.
Од своја страна, Наталија Апостолова, изјавила дека Косово е високо на агендата на ЕУ.
Апостолова на функцијата шеф на канцеларијата на ЕУ во Приштина,го замени Самуел Жбогар а истата ја презеде на први септември.