174
Пред Влада денеска на протест излегоа музичарите и угостителите.
Тие го поствија натписот ,,Night Club” и маси, тие од власат побараа две клучни работи.
Да добијат финансиска помош од државата, бидејќи, како што велат, целосно се исклучени од четвртиот сет економски владини мерки за помош на стопанството и да се донесат безбедни протоколи, според кои и тие конечно би можеле да почнат да работат.
Според одлуката на Владата, се забранува гостување на ди-џеи и пејачи, во угостителски објект ќе можат да седат само четворица луѓе на една маса и се ограничува музиката во рестораните и кафулињата на 55 децибели.