344
Денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Владата.
Поголемиот дел од естрадните уметници не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали.
Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Инаку, во однос на протоколите за работа на свадбите, музичарите сметаат дека се добри, но колку ќе се почитуваат, ќе се види на самата прослава.