106
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 145 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 72 санкции, четири мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…