МВР: 199 лица потпишале изјави за самоизолација

од Берта Китинска
113 прегледи

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 15494 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 559 прекршоци во изминатото деноноќие.


Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 239 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 860 лица им се издадени решенија за изолација, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 142 лица.

Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Слични содржини