МВР: 211 сообраќајни прекршоци во Скопје за едно деноноќие

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, седум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 12 санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 12 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Слични содржини