126
Во рамки на акциските контроли од областа на сообраќајот полицијата вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 246 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, како и 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Како што информираат денеска од МВР, меѓудругите, изречени се и осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.