МВР: 450 полицајци учествувале во гаснењето на пожарите, биле приклучени и 165 мото-патроли

од Nikola Popovski
193 прегледи

МВР информира дека во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска (06.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, биле ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила.

-Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок. На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.

Слични содржини