204
Министерството за внатрешни работи вечерва информираше дека денеска, 7 јуни на подрaчјето на ПС ОН Бит Пазар во периодот од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење.
Тоа се случило на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев.
„Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот“, се вели во соопштението.
Претходно излегоа информации дека слична акција се спровела и во Топанско поле.