Рано утринава 15 минути по полноќ било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци-Ресавска спирка патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Н.И.(24) од Кавадарци се превртeло на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници А.Н.(23) и Н.И.(24) и двајцата од Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера во 9:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од Р.С.(21) од с.Лубница-Конче, излетало од патот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и сопатникот Р.К.(71) од село Конче. Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера во 11 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистерски таблици управувано од А.О. (34) од Скопје, мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистерски таблици управуван од А.У.(39) од Скопје и патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистерски таблици управувано од Р.Б.(43) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.У. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил А.О. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера околу 16 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот „Мајка Тереза“ во близина на клучка Хиподром патничко моторно возило “Фолсваген Кеди“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Г.(55) од Скопје удрило во метална заштитна ограда. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.