„МВР во целост ги демантира дезинформациите објавени во дел од порталите за наводно нарушување на вчерашната акција од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. МВР при вчерашната акција постапуваше по насоки на јавното обвинителство “.
Вака стои во реакцијата на Министерството за внатрешни работи до медиумите кои утрово посочија дека скцијата за приведување на нови седум полициски службеници кои се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“ била компромитирана од страна на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој вчера во гостување на „Телма“ објави дека во моментот е издадена наредбата за постапување. Од полицијата велат постапиле по насоките на Обвинителството.
Со проширувањето на истрагата, бројот на полицајци осомничени за кочанската трагедија се искачи на 14. Според неофицијални информации, единствен уапсен актуелен полициски функционер меѓу новите седум уапсени е командирот на полициската станица Кочани, додека другите се пензионирани полицајци и се товарат за дела кои се случиле пред несреќата.