Во периодот 10 – 13.01.2022 во полицискиот центар во Ѓорче Петров во организација на Центарот за обука се спроведе обука за обучувачи за употреба на средство за присилно запирање на возила – Стингер со припадници на Одделот за специјални полициски операции (Единица за брзо распоредување и Специјална антитерористичка единица Тигар) , информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека обучувачите кои успешно ја завршиле обуката дополнително ќе ја спроведат во единиците.