Во рамки на повеќедецениската соработка со кинеската полиција, преку амбасадата на НР Кина во Скопје македонската полиција денеска доби донација со медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработени.
– Полицијата заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од т.н. корона вирус “Ковид 19“.Овој денешен чин е уште еден показател за важноста и значението на поддршката и пред се солидарноста меѓу државите особено кога се во прашање закани кои што имаат не национални ами глобални импликации, и чии што последици моѓат да бидат стравини, доколку не се реагира соодветно, благовремено и бескомпромисно.Сакам во оваа прилика, во свое и во име на Министерството за внатрешни работи да им се заблагодарам на нашите пријатели од НР Кина за оваа хумана и за нас потребна донација со надеж дека и во периодот што претстои ке можеме да се потпреме едни на други во насока на глобално надминување на оваа пандемија, напиша на својот Фејсбук профил Наќе Чулев.