МВР: Две лица во бесознание спасени од пожарот кај Готен

од desk2
21 прегледи Фотографија: mvr.gov.mk

Полициски службеници од Берово и од Регионалниот центар за гранични работи Исток спасиле две лица чии животи биле загрозени од пожарите на Готен и на Малешевските Планини, информира МВР.

„Со голема посветеност и храброст, тие дадоа голем придонес во справувањето со пожарот, а спасија и две лица чии животи беа загрозени од огнот односно беа пронајдени во бесознание и по укажаната помош на лице место, беа пренесени во здравствена установа“, се вели во официјалното известување.