МВР: Две лица се повредени во сообраќајката пред Влада

од Берта Китинска
332 прегледи

МВР денеска излезе со информации за сообраќајната несреќа која вчера се случи на крстосницата кај Влада, а во која учесник беше владино возило со кое во моментот се превезувале министерите за економија и финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими.

-На 07.02.2022 во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Илинден“ и бул.„Св.Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода“, управувано од Ј.Б.(38) од Скопје, патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје и патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. Во незгодата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Министерот за финасии Бесими вчера информираше дека освен материјална штета на возилата нема потешко повредени.

-Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата.Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Дел од учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, напиша Бектеши на социјалните мрежи.

Слични содржини