Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека се на пат да решат дел од дојавите за бомби, кои се однесуваат за градот Кавадарци.
-Еве, сме на пат и многу блиску да се расчисти случајот со лажните дојави за бомби во Кавадарци, рече Спасовски.
Тој информираше дека има формирано постојан штаб кој работи на проблематиката со дојавите за бомби кои станаа се почести.
-На хипотетички прашања не може да се одговара. Пробајте јавно направете го или објавете јавно дека ќе го направите и ќе видиме што ќе се случи понатаму, изјави Спасовски како одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Влада.