МВР ги заврши проверките – дојавите за бомби се лажни

од Nikola Popovski
202 прегледи

Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата, информираат од МВР.

Од таму ја известуваат јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението.

Утрово беа пристигнати закани за поставени бомби на адресите на 15 училишта, што е најголем број за еден ден досега откако почнаа дојавите на 26-ти октомври.

Оттогаш речиси по две-три дојави на неделно ниво се испраќаат во образовните установи или во некој трговските центри.

Оваа и минатата недела за првпат имаше закана за бомба во зградите на МНР и Народната банка.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера истакна дека речиси е невозможно да се откријат сторителите бидејќи дојавите се испраќаат преку виртуелни приватни мрежи хостирани во странство.

Слични содржини