МВР го демантираме текстот на Нетпрес дека функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче

од Берта Китинска
245 прегледи

Министерството за внатрешни работи најостро го демантира написот на порталот Нетпрес со наслов „Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче“, во кој се изнесени низа невистини за функционирањето на МВР.

-Ја известуваме јавноста дека од почетокот на кризата со ширењето на коронавирусот во Министерството за внатрешни работи се формира Координативно тело, чиј претседател е министерот Наќе Чулев, а во него членуваат раководните лица во Министерството.На седницата на Координативното тело на 31.03.2020 усвоен е заклучок и задолжен е директорот на БЈБ „ да се испрати инструктивна телеграма до сите организациони единици да се почитуваат законските одредби во постапувањето кон лицата што не ја почитуваат забраната за движење и истите покрај легитимирањето, согласно со законот да се преземат сите мерки со цел изготвување на соодветен поднесок. По оваа одлука на Координативното тело е постапено од Бирото за јавна безбедност и изготвена е соодветната телеграма. Оттаму, јасно е дека станува збор за изнесени невистини во текстот, кои Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира,пишуваа во соопштението на МВР.

Слични содржини