Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека е регистриран настанот во кој полициски командир пука со калашњиков на веселба под турско знаме.
„Случајот се истражува, а против одговорните ќе следува соодветна санкција“, соопштија од МВР.
Видео од полициски командир од Полициското одделение Ропотово (Прилепско) со автоматска пушка калашников како пука во воздух од балкон додека ечи народна музика, беше објавено на профили на социјални мрежи на повеќе опозициски пратеници.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки напиша дека „со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава“.
„Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо. Не одговара ниту тој што го поставил.“, сподели Ковачки.
Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.
Ова е во МК, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил.#ДалекуСмеОдЕу pic.twitter.com/MVeBlWwdMd— Драган Ковачки (@Kovacki1) August 27, 2023