МВР го истражува случајот со син на функционер кој нелегално користел флешери и бегал од полицијата

од Nikola Popovski
175 прегледи

Министерството за внатрешни работи (МВР) го истражува случајот, кој го објавија дел од медиумите дека син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле.

-Во врска со вашите прашање, ве информираме дека во тек е истражна постапка за конкретниот случај каде е вклучена и Внатрешната контрола, при комплетирање на материјалот  од истрагата навремено ќе бидете информирани, порачуваат од МВР за „Локално“.

Денеска беше објавено дека син на функционер на МВР нелегално користел флешери и бегал од полициска патрола, но откако полициските службеници успеале да го сопрат го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР).

При легитимирањето било констатирано дека според регистарските таблички станува збор за приватно возило. Според информациите, станува збор за К.Б., син на заменик-министерот на МВР.