МВР го откри вејачот на знамето со „Голема Албанија“, демантира дека е полициски припадник

од Nikola Popovski
477 прегледи

Во врска со кривично – правниот настан од 11.08.2023 на Градскиот плоштад во Тетово, за кој во изминатите денови беа пласирани и бројни дезинформации и шпекулации, МВР ја информира јавноста дека на фотографијата обезбедена од полициските служби е лицето што го вееше знамето со т.н. „голема Албанија“.

Полицијата ги демантира пласираните лажни вести дека сторителот на ова дело е припадник на МВР.

Ги повикуваат сите граѓани доколку го забележат ова лице, имаат било какви сознанија за него или корисна информација која може да помогне во истрагата која СВР Тетово ја води во координација со Јавен обвинител, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

Знамето се вееше на концерт во Тетово на 11 август, кој во знак на добредојде на косовскиот премиер, Албин Курти, го организираше локалната самоуправа. На видеото кое се пренесуваше на официјалната фејсбук страница на Општината, се гледаше развиорено знаме со карта која ја опфаќа Албанија и делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција, додека Курти пристигнува со градоначалникот Биљал Касами, заедно со Изет Меџити и Африм Гаши.

МВР информираше дека до надлежните Основни судови се поднесени барања за поведување на прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини, поради тоа што не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти.

Слични содржини