МВР го потврди инцидентот со возилото на Галетановски: Од пожарот биле зафатени уште две возила

МВР излезе со детали за опожарувањето на возилото на Галетановски

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Принтскрин

МВР излезе со детали откако ноќеска два часа после полноќ бил запален автомобилот на претседателот на скопската организација на СДСМ и екс-директор на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски-Чомбе. Немилиот настан се случил во скопска Кисела Вода.

-Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(47) од Скопје, информираат од полицијата.

Пожарот е изгаснат од скопската Бригада за противпожарна заштита.

-Нема повредени лица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од полицијата.