МВР го потврди пукањето во Арачиново, не е повреден градоначалникот

Во соопштението понатаму се истакнува дека градоначалникот Ибраими не е повреден, а се отфрлаат како шпекулаци и информациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

од Бети Божиноска
226 прегледи

Министерството за внатрешни работи попладнево ги потврди информациите објавени претходно денеска за вооружена пресметка во Арачиново во која, според информациите со кои се шпекулираше, било пукано кон автомобилот на градоначалникот, Ридван Ибраими, и дека притоа бил ранет неговиот возач.

„Денеска (01.04.2024) во 13.25 ч. во СВР Скопје е пријавено дека на влез на с. Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на о. Арачиново Р.И., кој бил заедно со уште неколку лица.  При тоа повредени се две лица, кои биле заедно со градоначалникот,“ се вели во соопштението од МРВ.

Во соопштението понатаму се истакнува дека градоначалникот Ибраими не е повреден, а се отфрлаат како шпекулаци и информациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, велат оттаму.

Претходно во изјава за „Телма,“ директорот на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар, Неџати Јакупи, информираше изјави дека во Клиниката било донесено момче на околу 30-годишна возраст со прострелни рани на градниот кош, врз кое веднаш било хируршки интервенирано.

Слични содржини