МВР и ДПИ ќе започнат со контрола и на рестораните

од Nikola Popovski
76 прегледи

Владата информира дека во изминатите денови биле спроведени 116 вонредни надзори во угостителските објекти. Изречени се десет решенија за привремена забрана за 10 кафулиња и клубови, во делот на прекршочната санкција.

15 од вкупно 23 правни субјекти кои поседуваат активна лиценца, не исполнуваат минимални технички услови. Против нив ќе бидат изречени две мерки – решенија за забрана за вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата.

Исто така кај шест објекти без активна лиценца или кои воопшто не поседувале лиценца, а претходниот период без проблеми функционирале, издадени се решенија за забрана за дејност.

-Издадени се 59 прекршоци во износ од 522.690 денари. Во однос на идните чекори, сакам да ја информирам јавноста дека МВР и ДПИ во овие денови започнуваат со надзорни контроли во објектите за организирање на настани и прослави, со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови, категоризација на ресторани, како и за други одредби од Законот за угостителска дејсност, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Слични содржини