348
Приведен е Н.А.(21) од Скопје во чиј дом, по полициски претрес, е пронајдена марихуана.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје од 21.00 часот на 16 октомври до 02.00 часот следниот ден, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.А. и други простории на подрачјето на Бутел, во кои тој престојувал.
За време на претресот се пронајдени девет ќеси со марихуана, а Н.А.(21) од Скопје бил лишен од слобода по чл.215 од Кривичниот законик и приведен во полициска станица за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.