МВР ја објави меѓународната потерница по Гури

од Nikola Popovski
227 прегледи

На веб страницата на Министерството за внатрешни работи е објавена меѓународната потерница за Исмет Гури, екс заменик директор на УЈП и функционер на ДУИ. Тој на 5-ти јануари од страна на полициски службеници не бил пронајден во својот дом каде бил сместен во куќен притвор. Ова се случило откако обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор, во затворот во Шутка.

-Гури Исмет – татко Рамадан мајка Михане род.30.03.1964 год. во Скопје каде и живее на ул.Серава бр.79, Чаир. Се бара по распишана потерница од ОС Скопје со Наредба бр.КИОК-КС 3/24 од 05.01.2024 год, стои на сајтот на МВР.

Советот од тројца судии во Кривичниот суд му ја одредил оваа мерка.

Според обвинението за делото за кое му е изречена мерката, Гури разработил и применувал повеќегодишната шема на чело на злосторничкото здружение во управата за јавни приходи, при што биле оштетени големи фирми за околу 2 милиона евра. Со дел од осомничените, формирале фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП дека преку нив други фирми можат да пребијат данок.

Претходно во повторено судење Кривичниот суд неправосилно ги осуди Исмет Гури и Ејуп Алими, на по три години и шест месеци затвор за уништување изборен материјал на локалните избори во Чаир во 2013 година. Исто толку заработија и со пресудата во март 2020, која ја укина скопска апелација и го врати предметот „Титаник 3“ на повторно судење.

Гури до оваа пресуда беше заменик-управник во УЈП. Лани од ДУИ премина во огнената група на Изет Меџити, која подоцна ја формираше партијата демократско движење.

Слични содржини