МВР ја потврдува големата полициска акција поврзана со работењето на РЕК Битола

од Nikola Popovski
183 прегледи

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат голема полициска акција во врска со сторен криминал во РЕК Битола, но засега не даваат повеќе детали околу тоа колку лица се уапсени.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата соодветно ќе ја известиме јавноста, кратко соопштија од МВР за „Локално“.

Дел од медиумите веќе објавија дека приведени се повеќе од 20 лица, а неофицијално, според нивните пишувања ,меѓу нив се и поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Пеце Матевски. Се споменува дека наводно станува збор за злоупотреба на јавен повик за набавка на адитиви за РЕК Битола и за ТЕЦ Осломеј. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.

На почетокот на 2024 година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати иницијативата на Антикорупциска за кривично гонење за испитување на евентуални малверзации при набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Иницијативата два дена по почетокот на 2024 година, стасала во ОЈО и е распределена кај обвинител кој ќе ги испитува наводите дали екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со други службени лица  вработени во ЕСМ и во Министерството за економија, постапиле спротивно на закон.

Додека беше во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ постојано изнесуваше обвинувања на прес-конференции токму против екс-директорот на ЕСМ и обвинуваа за голем криминал во РЕК Битола.

Слични содржини