МВР ја пронајде исчезнатата студентка од Албанија

од Nikola Popovski
312 прегледи

МВР ја пронајде албанската државјанка на која од вчера ѝ се изгуби трага. Ова попладнево го обелодени првиот човек на полицијата, Панче Тошковски.

-Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба.

Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето, објави министерот.

Чела, која во Скопје студирала на Економскиот факултет, во петокот вечерта некаде околу полноќ и 1 часот излегла да прошета на кејот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела.

Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.

Енкеледа Чела е Македонка од селото Требиште, Голо Брдо. Во Скопје веќе пристигнале нејзините родители по информацијата дека по нејзе се трага.

Слични содржини