МВР ќе добие катна гаража за 500 возила

од Nikola Popovski
66 прегледи

Министерството за внатрешни работи треба да добие катна гаража, најави денеска министерот Панче Тошковски. Проектот е веќе отпочнат.

-Треба еден посеопфатен пристап, треба една подетална анализа. Потребни се суштински помрднувања на повеќе полиња. Катните гаражи во иднина треба да бидатт зголемени како бројка. Она кое што јас можам да го најавам во иднина, во рамки на функционирањето на МВР е дека работиме на проект за изградна на катна гаража во рамки на МВР. Знаеме дека околу МВР се узурпира просторот со возила што е факт и од страна на луѓе кои се вработени во МВР. Интензивно работиме да се создадат соодветни урбанистички предуслови, проектна документација и реализација на една катна гаража која би требало да обезбеди паркинг за околу 500 возила во рамки на МВР, истакна Тошковски на денешната јавна трибина за измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоци за проектот „Безбеден град“.

Претходно министерот за внатрешни работи најави дека сејф сити системот ќе започне да регистрира прекршоци од први јануари следната година. До тогаш треба сите возила да се регистрираат и да бидат внесени во системот со телефонски број и емаил адреса, за доколку во иднина направат прекршок, фотографија да им пристигне на смс порака или на мејл во рок од 24 часа.

Слични содржини