МВР: Лишена од слобода жената која пријавила наводно исчезнато дете во Клинички центар

од Vladimir Zorba
271 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А..

-Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А., се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму посочуваат дека се направени проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна.

-Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување, велат од МВР.

Слични содржини