МВР „лови“ возачи кои прават прекршоци: Казнети 102 возачи

од Берта Китинска
177 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (17 ноември) сообраќајната полиција спровела зајакната контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на државата, при што санкционирани се 102 возачи.

Како што информираат од МВР, најмногу од нив – 30, биле на територијата на СВР Охрид, а 27 на територијата на СВР Тетово.

Од ресорното министерство посочуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.