МВР „лови“ возачи кои прават прекршоци: Казнети 153 лица во Скопје

од Берта Китинска
226 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 23 за возење под дејство на алкохол, 18 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал(црвено светло), четири за непрописно престројување, 17 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.