Во периодот од 11.00 до 12.00 часот во МВР биле пријавени следниве настани во врска со изборниот процес. Од МВР информираат дека ова се добиени пријави по кои постапува МВР односно ја утврдува фактичката ситуација и откако ќе бидат утврдени фактите соодветно ќе бидат соопштени во јавност:
– Околу 11.05 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.А. пријавил дека негов сосед на улица „Гарсија Лорка“ ги зема другите соседи со своето патничко возило и ги убедувал да гласаат за политичка партија во ОУ „26-ти Јули“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
– Околу 11.12 часот во Полициската станица Бит пазар од политичка партија било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Никола Вапцаров“ на ул.„Дижонска“, околу 10 лица се движеле околу гласачкото место. Полициски службеници излегле на местото, но такви лица не биле затекнати.
– Од политичка партија од Кочани во Полициската станица Кочани било пријавено дека три лица вршат агитација врз гласачи на избирачките места бр.844 и бр.845 во Кочани. Се работи на расчистување на случајот.