МВР му го заплени камионот на Ганиу со кој ноќеска истураше ѓубре пред канцеларијата на Арсовска

од Љубиша Владимиров
16 прегледи

Товарното возило „Мерцедес“ кое беше користено за фрлање отпад пред објектите на Град Скопје, беше запленето од страна на инспекторите и полицијата и однесено на депонијата „Дрисла“. Инцидентот се случи вечерта на 28 мај, кога група од 30 до 40 лица се движеа од објектот на Владата кон Градскиот парк. Околу 23:20 часот, пред бараките на Град Скопје, тие со камионот исфрлија отпад на јавна површина.

Полицијата брзо интервенираше, изврши разговори со присутните и направи фотографии како доказ за прекршокот на Законот за јавна чистота. По утврдување на прекршокот, возилото беше одземено и во придружба на полициски службеници транспортирано до депонијата. Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат понатамошни мерки во врска со случајот.

Слични содржини