МВР: На Охридско езеро одземени 126 рибарски мрежи со 219 парчиња уловена риба

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Во изминатите два месеци полициски службеници во водите на Охридското езеро пронашле и одзеле 126 рибарски мрежи во должина од 2.800 метри, со 219 парчиња уловена риба во вкупна тежина од 45 килограми, како и повеќе видови риболовен алат и опрема. Лишени од слобода се две лица од Република Албанија, кои со пловен објект илегално ја преминале државната граница, како и едно лице кое со харпун ловело риба во езерските води.

Како што соопшти МВР, поднесени се и две кривични пријави по основ на илегален премин на државната граница и незаконит риболов во територијалните води на РСМ како и прекршочни пријави по Законот за рибарство и аквакултура, и една пријава по Закон за внатрешна пловидба.

Во текот на мај и јуни 2023 година, Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ при Регионален центар за гранични работи „Запад“, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделство, шумарство и водостопанство, во водите на Охридското Езеро и на копно реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов, се наведува во соопштението.

Слични содржини