МВР: На „Табановце“ се чека подолго поради црвеното ниво на ризик од тероризам во Србија

од Nikola Popovski
38 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

-Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба, соопштија од полицијата.

Се чека и по половина час за влез во Македонија преку „Табановце“, информираа утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Пред два дена во Белград, со самострел нападнат беше припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада. Истиот бил погоден со стрела во вратот, но успеал во самоодбрана да употреби огнено оружје и да го убие напаѓачот.

Според српските власти, нападот пред Израелската амбасада, во која во тоа време немало никого, е терористички акт.

Напаѓачот повеќе пати се приближувал до полициската куќа за обезбедување за да праша нешто, а потоа ја отворил вратата и го застрелал со стрела во вратот припадникот на Жандармеријата. Жандармот отворил оган во самоодбрана и го застрелал напаѓачот кој им подлегнал на раните.

Слични содржини