МВР: Нема повредени лица, пожарникарите интервенираат на отстранување на кровот на зградата во Мичурин

од Берта Китинска
457 прегледи

Попладнево ветерот откорната кровна конструкција на зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во населба Мичурин.

Од МВР информираат дека на терен се полициски службеници кои го обезбедуваат местото.

-Според првичните информации има паднато кров од зграда на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром, досега нема пријава за повредени лица. На лице место има полициски службеници кои го обезбедуваат местото, а интервенира и противпожарната единица Скопје за отстранување на кровот, велат во изјава за „Локално“, од МВР.