Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од денес (02.02.2023, четврток) од 18.00 часот, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев на 04.02.2023 (сабота) во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот, при што ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, од денес за сообраќај ќе биде затворена ул. „Самоилова“, на потегот од ул. „Иљо Војвода“ (Виадукт Самоилова) до крстосницата со ул. „Прохор Пчински“, а на 04.02.2023 година (сабота) посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на ул. „Лазар Личеновски“ и ул. „Самоилова“.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.