МВР: Пасоши има во доволен број и се одговара на барањата на граѓаните

од Берта Китинска
335 прегледи

Пасоши има во доволен број и се одговара на барањата на граѓаните. Целосна невистина е дека нема пасоши, лага која во последниве денови ја шират одредени опозициски полтичари и дел од порталите, велат од МВР за „Локално“.

-Денеска во одреден период имаше поголем број на граѓани поради тоа што за фотографирање за пасош покрај редовно закажаните термини дојдоа и  граѓаните кои имаа закажано термин за сликање во минатиот четврток и петок, денови кога службите не работеа поради надградбата на системот. Од денеска системот функционира стандардно и сите граѓани кои имаат закажано термин ќе ја добијат соодветната услуга, информираат од МВР.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за застојот во издавањето на пасоши, лични карти и регистарски таблички, а обвинуваат и дека се создава нов кластер во време на пандемија.

Слични содржини