МВР: Платени се сите придонеси за вработените, да не се шират дезинформации

од Vladimir Zorba
107 прегледи

„Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос“, реагираат од Министерството.

МВР веднаш презеле, тврдат, мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време.

„Апелираме да не се шират дезинформации во јавноста“, додадоа оттаму.

Претходно неколку полицајци кои биле на лекарски и на стоматолошки прегледи вчера се пожалија дека им било кажано оти немаат уплатено здравствено осигурување, поради што прегледите и интервенциите морале да ги платат приватно, објави Телма, цитирајќи неколкумина полицајци кои се обратиле до телевизијата.