МВР по барање на Австрија го проверува 19-годишникот осомничен за планирање бомбашки напад во Виена

од Nikola Popovski
430 прегледи

Македонската полиција информира дека постапува по барање добиено од австриските власти за проверка на лице кое е по потекло од земјава, а кое е осомничено за планиран терористички напад во Виена.

-Ве известуваме дека од страна на австриските власти до Министерството за внатрешни работи е пристигнато барање за проверка на лице кое е по потекло од Македонија, а истиот е осомничен за планиран терористички напад во Виена. Од наша страна се постапува по однос на доставеното барање, појаснуваат од МВР.

Трите концерти на американската кантавторка Тејлор Свифт закажани во Виена се откажани откако австриската полиција објави дека уапсила екстремист, осомничен дека планирал напад врз нив.

Веста за откажувањето ја соопштија организаторите на музичкиот концерт „Баракуда“, откако полицијата соопшти дека уапсила двајца осомничени, од кои едниот планирал напад на настапите на Тејлор Свифт.

Главниот осомничен е 19-годишен маж, кој е уапсен во Терница, јужно од Виена, а уште едно лице во главниот град на Австрија.

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека 19-годишниот осомничен се заколнал на верност на терористичката група Исламска држава.

Според австрискиот весник „Кронен цајтунг“ уапсениот 19-годишен Австриец е со потекло од Северна Македонија кој со семејството живеел во Терниц, јужно од Виена.

Слични содржини