МВР подготвува законски измени за воведување видео надзор на патиштата

од desk2
156 прегледи

По сообраќајната несреќа кај Скопската обиколница , во која животот го загуби 37- годишен полицаец , МВР ќе го менува начинот на контрола на движењето на патиштата. Формирана е работна група која ќе направи измени на законите , со што ќе се овозможи воведување видео надзор на патиштата низ државата, каде често возачите ја надминуваат дозволената брзина. Со тоа работата на сообраќајната полиција ќе се олесни и модернизира, јавува Телма.

“Формирана е работна група која работи на подготвување на измени на законите, со кои што ќе се овозможи поставување на камери и на автопатиштата и на клучните раскрсници, каде што тие ќе ги заменат сообраќајците, односно полициските службеници . И на тој начин ќе се олесни работата, ќе се заштедат сили и ќе се модернизира работата на Полицијата” –изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Независниот синдикат на полицијата, мотивиран од сообраќајната несреќа на Скопската обиколница, вчера побара од МВР одржување панел дискусија за воведување камери на патиштата по примерот на европските земји и донесување нов Закон за безбедност во патниот сообраќај.

Целиот текст ТУКА