430
Со над 25 тони вода, Одделот за воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи со хеликоптерот Бел-212 го локализираше пожарот во општина Илинден.
Како што информираат од МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар кај селото Бучинци, општина Илинден, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.