МВР преку кампања ќе ги повикува граѓаните да извадат возачки со „Северна“

од Nikola Popovski
38 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски утрово апелираше до сите граѓани кои имаат возачки дозволи со старото име на државава да пристапат кон обновување на истите. Тој информира дека во наредните денови МВР преку кампања ќе ги повикува граѓаните.

-Ги замолувам во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачки дозволи со старото уставното име да пристапат кон обновување на истата, затоа што согласно измените на законот што ги направивме, старите возачки дозволи ќе важат до крајот на оваа година. Во наредниот период од месец дена, ќе следи кампања од страна на МВР каде што ќе повикуваме секој еден кој што не ја обновил возачката дозвола, да го стори тоа. Повеќе нема гужви. Оттаму ги замолувам сите граѓани и да пристапат во просториите на МВР и да поднесат барање и да извадат возачки со новото име, рече Тошковски по денешната посета на пунктот за промена на лични документи „Пролет“ во Скопје.

Со 90 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, Собранието на 12-ти февруари, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината. Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ се продолжи до 31 декември 2024.

Слични содржини