МВР: Претресите во „Идризово“ се завршени без никакви проблеми

од Nikola Popovski
170 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека денес под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ Идризово, дале асистенција на затворот во вршење на претреси на повеќе простории со цел обезбедување доказен материјал поради сомневања за кривично правни дејствија.

-Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми, порачаа од полицијата.

Припадници на полицијата утрово влегоа во затворот „Идризово“ во Скопје. Се вршеле претреси во казнено-поправната установа. Од Јавното обвинителство потврдија дека се спроведуваат претреси во рамки на акција, којашто е координирана со скопското обвинителство, поради сомнеж за кривично-правни дејствија, со цел обезбедување доказен материјал.

Лани во октомври најмалку десет полицајци и дел од затворениците беа повредени при судир кој настанал во затворот Идризово. Затворениците пружиле отпор на обидот на полицијата да изврши претрес во ќелиите, но полицајците ги совладале, рекоа тогаш од МВР. При претресот беа најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога.

Во меѓувреме, во најголемиот македонски затвор сѐ уште е на сила кризната мерка со која овој објект надворешно е обезбедуван од војска и полиција.

Слични содржини