МВР попладнево соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот во ОУ „Панајот Гиновски“ во скопската општина Бутел, од каде произлезе видео на кое се гледа како наставник тепа ученик.
-Директорката на основното училиште во скопската населба Бутел, поднесе писмено известување во врска со видеото од социјалната мрежа „Тик-Ток“, информира МВР и додава дека уште во текот на денешниот ден на разговор се повикани лицата инволвирани, а известен е и јавен обвинител.
Вознемирувачкото видео од наставник кој малтретира дете се појави вчера на социјалните мрежи.