278
Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека приведен е опасен криминалец, кој бил баран со потерница за извршено убиство.
„Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска (08.07.2021) околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско, за кого била распишана потерница на Основен Кривичен Суд- Скопје вв чл.123 ст.1 (убиство) од КЗ на РСМ, за издржување казна затвор од 20 години. А.А, ќе биде предаден на казнено поправна установа“, велат од полицијата.
Според информациите, станува збор за Ајвази Ајдиљраман алијас командант Тануша. Тој е осуден на 20 години затвор за убиство.