МВР санкционира 20 технички неисправни возила во јавниот превоз

од Nikola Popovski
325 прегледи

Полицијата продолжува со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Во текот на вчерашниот ден, на територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 20 мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се пет мерки за возење под дејство на алкохол, 26 за непрописно паркирање, информираат од МВР и додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на МВР.

Слични содржини