142
Во текот на изминатото деноноќие, во главниот град се изречени 213 санцкии, меѓу кои 23 за управување со возило, без возачка дозвола, 14 од нив се за нерегистрирани или технички неисправни возила, додека 25 за користење на мобилен телефон, информираше Министерството за внатрешни работи.
Осум санкции се изречени за минување на црвено, пет од нив се за непочитување на брзината дозволена за движење, 45 се за непрописно паркирани возила, а седум за неносење на заштитна маска.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, сообраќајните контроли ќе продолжат во полн ек. Ресорното министерство упати апел до граѓаните, да се почитуваат правилата и прописите за безбедност во сообраќајот, како и за заштита и безбедност од Ковид 19.